Download presentation
Presentation is loading. Please wait.
Published byBurbuqe Aliu Modified over 5 years ago
1
ДРАМА Што е драма? . Драма е литературно дело напишано во дијалошка форма, наменето за сценска изведба пред публика при што улогите ги толкуваат артистите
2
Кои се драмските видови?
Драмски видови се: трагедија комедија трагикомедија и драма во потесна смисла на зборот
3
Трагедија е вид драмско дело во кое се прикажуваат мрачни, жестоки и тажни настани од животот, страшното и ужасното во него, промени од среќа во несреќа, пропаст на возвишени идеали и смрт на главните ликови.
4
Комедијата е вториот основен вид драма, во кој судирот, дејствието и личностите се прикажани во смешна форма. Називот потекнува од грчкиот јазик и значи весела песна. Во комедијата се прикажува смешното во животот, а смешните појави обично се случуваат поради несообразноста меѓу тоа што е нормално, вообичаено и логично и отстапувањето од тоа.
5
Трагикомедија e книжевен жанр кој ги спојува елементите на трагедијата и комедијата. Тој термин е карактеристичен за драмската книжевност и може да се применува како на трагична драма која содржи доволно комични елементи за да може да се каже дека тие ја ублажуваат сериозната атмосфера, така и на било кој сериозен драмски текст со среќен крај.
6
Во зависност од тоа колку ликови има во драмата таа може да биде?
Во зависност од тоа колку ликови има во драмата таа може да биде? Монолог (еден лик) или дијалог ( два или повеќе ликови).
7
Што е радио драма ? -Радио драма е посебен вид драма напишан за емитување на радио, наменет за слушање а не за гледање. Честопати драмата се комбинира со музика и танц: драмскиот дел од операта целосно се пее; мјузиклите вклучуваат говорен дијалог и песни; а некои облици на драмата постојано се придружувани од музика, како на пример, мелодрамата.
8
Телевизиска драма е наменета за прикажување на телевизија
Телевизиска драма е наменета за прикажување на телевизија.Секоја драма може да се адаптира во телевизиска драма.Овие драми може да бидат единечни или во циклуси , односно во серии. Најпознати тв драми се: ,, Коктел за четворица’’-Томе Арсовски, ,, Солунски патрдии’’-Миле Поповски итн.
Similar presentations
© 2025 SlidePlayer.com Inc.
All rights reserved.