Presentation is loading. Please wait.

Presentation is loading. Please wait.

Знаци на хемиска промена

Similar presentations


Presentation on theme: "Знаци на хемиска промена"— Presentation transcript:

1 Знаци на хемиска промена
Цели на часот: -Ги разликуваат физичките промени и хемиските промени **Ги опишуваат и објаснуваат физичките и хемиските промени **Опишуваат хемиски промени ***Претставуваат резултати во табела и график

2 Прва активност Одбран ученик да направи меурчиња од сапуница и гледајте како тие пукаат. Дали ова е физичка или хемиска промена? Наставникот им демонстрира или им пушта видео снимка од експериментот со „пастата за заби за слон“. Дали ова е хемиска или физичка промена? Од каде знаете? Објаснете дека во експериментот со „пастата за заби за слон“ водород пероксидот се претвора во вода и кислород.

3 Знаци на хемиска промена се:
Образување на гас Образување на талог Промена на бојата Промена на температурата

4 Образување на гас-сода бикарбона и оцет
Потемнување на бакар или бронза(легура од калај и бакар)-е тенок зелен слој т.н. Патина Формирање на талог-сребро нитрат и хлороводородна киселина

5 Втора активност учениците со помош на пластелин во различни бои и стапче за коктел учениците изработуваат модели на молекулите од водород пероксид, вода и кислород. (Пред да започнете со оваа активност, објаснете им дека стапчето за коктел ќе ја претставува хемиската врска меѓу два атома. Дадете им ја структурата на молекулите од водород пероксид, вода и кислород? Извлечете како клучен концепт дека при хемиска промена некои хемиски врски се кинат и се образуваат нови хемиски врски.  Учениците во своите тетратки цртаат и изработуваат дијаграми за реакцијата на водород пероксидот при која се образува вода и кислород. Или пак, може да ги фотографираат своите модели. Сликите може да се испечатат и потоа да им се додадат белешки.

6 Трета активност Со помош на модели на молекули на вода наставникот покажува што се случува кога коцката мраз се топи ( односно кога водата врие). Што се случува со врските? Дали е тоа хемиска реакција? Извлечете како заклучок дека при физичка промена, хемиските врски меѓу атомите ниту се кинат, ниту пак се образуваат нови. Заклучете дека хемиската промена подразбира кинење и образување хемиски врски.


Download ppt "Знаци на хемиска промена"

Similar presentations


Ads by Google