Presentation is loading. Please wait.

Presentation is loading. Please wait.

Велосипедски сообраќај

Similar presentations


Presentation on theme: "Велосипедски сообраќај"— Presentation transcript:

1 Велосипедски сообраќај
Велосипедот е најефикасно превозно средство во смисла на потрошувачка на енергија (0,15 cal/g km) Тоа е помалку од пливање на пастрмка, летање на галеб, движење на воз или на коњ.

2 Велосипедски сообраќај
Денес се промовира бидејќи: Не загадува Троши малку енергија Не бара многу простор Здравствена димензија Лоби групи кои го промовираат Сепак велосипедот денес не е така значаен вид на превоз. Зошто?

3 Велосипедски сообраќај
Историски развој на велосипедот Изненадувачки! - така едноставна справа, откриена пред само околу 150 год. Во 19 век се случија низа на технички пронајдоци кои допринесоа за појава на велосипедот Во 1863 год се појава францускиот velocipede (само криозитет) Во 1870 се појавува велосипед со високо тркало – Starley фамилија од Ковентри

4 Велосипедски сообраќај
Историски развој на велосипедот Тежок зе управување, застанување и качување, чести паѓања на напред Сепак предизвикал внимание

5 Велосипедски сообраќај
Историски развој на Велосипедот Набргу се појавил и трицкл кој можеле да го возат и жените

6 Велосипедски сообраќај
Историски развој на велосипедот Велосипедот поттикнал технички развој Браќата Рајт биле механичари за велосипеди Првите автомобили користеле многу од механиката на велосипедите Во 1885 се појавува велосипед со две еднакви тркала со шпици, педала и синџир што всушност не е е многу изменето до денес

7 Велосипедски сообраќај
Историски развој на велосипедот Ровер безбеден велосипед Од 1885 година

8 Велосипедски сообраќај
Историски развој на велосипедот Во 1890те „лудување“ по велосипедот Барање за подобрување на површината на улиците Потоа опаѓање на интерес Остапки во Европа во повоените години Некои земји (Данска, Холандија) зачувале тренд Кина, Индија, Индонезија и др. од економски причини

9 Велосипедски сообраќај
Историски развој на велосипедот

10 Велосипедски сообраќај
Начини на употреба на велосипедот Детска играчка Децата се постојани и верни корисници на велосипед Но тоа не е со цели за транспорт туку игра, па овде нема да се разгледува Сепак, важно да се земе во обѕир кога се планираат станбени зони Мерки за смирување на сообраќајот и детски игралишта

11 Велосипедски сообраќај
Начини на употреба на велосипедот Средство за рекреација Во последните децении велоспедот заедно со пешачењето и пливањето стана најраширен начин за рекреација Предности: Здравје Близок контакт со природата Социјални контакти со истомисленици

12 Велосипедски сообраќај
Начини на употреба на велосипедот Средство за рекреација Производителите на велосипеди излегоа со низа специјализирани производи и делови Во рамките на урбаните средини важни квалитетите на околината: Во паркови Вдолж булевари Покрај реки или брег на езеро или море

13 Велосипедски сообраќај
Средство за рекреација

14 Велосипедски сообраќај
Начини на употреба на велосипедот Спорт Велосипедизмот е еден од постарите спортови – од брзински трки, до трки на долги растојанија Спортот го одржува интересот за велосипедот и го помага развојот на индустријата Нема намена за транспорт, па не го разгледуваме

15 Велосипедски сообраќај
Начини на употреба на велосипедот Урбан транспорт Главен фоукус на интерес на ова поглавје Велосипедот на вид на транспорт во градот за одење на работа, купување, посета на пријатели итн. Во некои градови и земји постои развиена инфраструктура и значаен број патувања се прават со велосипед, во други велосипедот скоро и да не постои Одржлив урбан транспортен систем – велосипедот важна компонента

16 Велосипедски сообраќај
Начини на употреба на велосипедот Средство за давање транспортна услуга Рикши, трицикли – велосипедски такси Разнос на мали пратки Достава на прехрамбени продукти (пица, брза храна) Достава на итни пораки Полиција на велосипеди Сите овие услуги се насочуваат велосипедот како мала потребна инвестиција

17 Велосипедски сообраќај
Средство за давање транспортна услуга

18 Велосипедски сообраќај
Причини за подршка на велосипедот Директен пристап Освен пешачењето, велосипедот е средство за транспорт со кое може најдиректно да се пристапи до целта на патувањето (door-to-door) Велосипедот е како механичко продолжување на човечкото тело Во многу случаи се внесува и внатре во објектите

19 Велосипедски сообраќај
Причини за подршка на велосипедот Мала потрошувачка на енергија Не употребува фосилни горива Убедливо најмала потребна енергија Автомобил со еден патник троши околу 1860 калории за да се прејде 1,6 км (1160 калории на 1 км) Пешак троши околу 100 калории за да прејде 1,6 км (62 калории по км) Велосипедист троши околу 35 калории за да помине 1,6 км (22 калории по км)

20 Велосипедски сообраќај
Причини за подршка на велосипедот Не загадува Нема издувни гасови Нема бучава Нема истекувања на масла, бензини и други течности Полесно се рециклира

21 Велосипедски сообраќај
Причини за подршка на велосипедот Одржување на здравјето Современиот човек страда од недоволно движење и физички активности (срцеви заболувања, висок притисок, прекумерна тежина итн.) Движењето со велосипед може да биде повеќекратно корисно и заради дневната физичка активност

22 Велосипедски сообраќај
Причини за подршка на велосипедот Заштеда на простор Велосипедот бара релативно малку простор за движење и мирување Тој зафаќа 2 м2 кога е паркиран и околу 5 м2 во движење За споредба автомобилот бара 25 м2 за паркирање и 55 м2 за движење Само 5% од автомобилите само со возач ако преминат на употреба на автомобил, проблемот со закрчување на сообраќајот би бил решен

23 Велосипедски сообраќај
Заштеда на простор

24 Велосипедски сообраќај
Причини за подршка на велосипедот Мали јавни вложувања Велосипедот бара мали капитални вложувања Често можат да се користат веќе оформени јавни простори (паркови, покрај реки, слободни простори итн.) Можат да се користат постојни улици и булевари Трошоци за вертикална и хоризонтална сигнализација Трошoци за коловозна површина и одвод Трошоци за паркинг места и опрема за паркирање

25 Велосипедски сообраќај
Причини за подршка на велосипедот Мали приватни вложувања Луѓето сами го купуваат велосипедот, но вложувањата се мали Велосипед кошта од 4000 до денари Нема потреба од регистрација, осигурување, гориво Потребен само уште заштитен шлем на главата

26 Велосипедски сообраќај
Причини за внимателност Компактибилност со останатиот сообраќај Велосипедите се доста различни од моторните возила според големина брзина и технички карактеристики Формално по закон, велосипедот е рамноправно превозно средство, но велосипедистите се загрозени Велосипедот не е компактибилен и со пешачкиот сообраќај – брзo движење опасно за пешаците Според тоа најдобро е да се изградат посебни патеки – прашање на политика, свест на заедницата и економска исплатливост

27 Велосипедски сообраќај
Причини за внимателност Човечки можности и однесување Не сите категории на население можат да користат велосипед (постари, болни, мали деца на улица) Потребна е одредена физичка спремност Свеста и традицијата многу важни (во некои средини побогатите слоеви го сметаат велосипедот за нестатусно возило)

28 Велосипедски сообраќај
Причини за внимателност Безбедност во сообраќајот и од криминал Велосипедите ако не се издвоени, се загрозени од моторните возила Вкрстувања со токови на моторни возила Неправилно паркирани возила Неквалитетни површини – дупки, кал, препреки Недоволна вештина за возење велосипед

29 Велосипедски сообраќај
Причини за внимателност Безбедност во сообраќајот и од криминал Велосипедот лесно се краде – особено проблем за негово паркирање Врзувањето со синџири може да е недоволно Неосветлени, осамени места – опасност од криминал

30 Велосипедски сообраќај
Причини за внимателност Климатски услови и топографија Високи температури, ниски температури, дождови, снег силни ветрови го ограничуваат велосипедот Во некои земји сепак силна традиција за употреба на велосипед Топографија на терен – ридчест, планински терен - нагорници- спречува пошироко користење

31 Велосипедски сообраќај
Причини за внимателност Физички ограничувања и брзина Луѓето се заморуваат (малку луѓе би возеле велосипед повеќе од 1 час – околу 10 км) секојдневно Растојанија од околу 5 или 6 км би било прифатливо (ова упатува на мали и средни градови по големина) Нормална брзина на движење на велосипедистите е од 10 до 20 км/час Брзини помеѓу 30 и 40 км/час се веќе респектибилни брзини за трка При поголеми брзини енергијата се троши за совладување на отпори од воздух (90% енергија при 32 км/час)

32 Велосипедски сообраќај
Причини за внимателност Паркирање Немање на можност за (безбедно) оставање на велосипедот на недомскиот крај од патувањето може да биде проблем Кај колективното становање исто така чувањето на велосипедот може да е проблем Заштита од кражба и временски неприлики при паркирање

33 Велосипедски сообраќај
Причини за внимателност Постојна урбана структура и опрема Долго време велосипедот бил занемарен при планирањето на урбаната транспортна инфраструктура Проблематични градски автопати и магистрални улици Наследени историски делови со тесни улици Проблеми на мостови и тунели каде нема предвидено патека за велосипеди Во постојна состојба – треба да се одземе простор од моторен сообраќај или пешаци

34 Велосипедски сообраќај
Причини за внимателност Традиција и однесување Многу влијае односот на средината кон велосипедот – колку луѓето и општеството се спремни да го подржат и користат Влијание на политиката, медиумите, формирање на јавна свест за подршка

35 Велосипедски сообраќај
Начини на апликација Значајна примена низ целата урбана средина Во градови каде: Растојанијата не се поголеми од 8 км Доминантно рамен терен Блага клима Силна традиција за употреба на велосипед Развиена велосипедска инфраструктура или потенцијал за развивање на истата Град со доста зелени површини, слободни простори, широки булевари велосипедскиот сообраќај може да има значаен удел

36 Велосипедски сообраќај
Значајна примена низ целата урбана средина ОДЕНЗЕ, Данска Facts about Odense The number of cyclists in Odense rose by 20% in three years. During the same period, the number of accidents declined by 20%.   25% of Odense’s citizens choose the bicycle as their mode of transport for getting to work or their place of study and for other errands. 80% of Odense’s children walk or ride a bicycle to school; There are inhabitants in Odense 500 kilometres of cycling routes.

37 Велосипедски сообраќај
Значајна примена низ целата урбана средина ТОП 10 градови 10. Трондхајм, Норвешка (како скилифт нагоре) 9. Пекинг, Кина 8. Барселона, Шпанија (рент) 7. Базел, Швајцарија (ленти за лево вртење) 6. Портланд, САД (поврзани центри) 5. Монтреал, Канада (bike share bixi, 2400 милји патеки) 4. Куритиба, Бразил 3. Богота, Колумбија 2. Копенхаген, Данска (32% одење на работа) 1. Амстердам, Холандија (40% одење на работа)

38 Велосипедски сообраќај
Начини на апликација Стамбени зони Блага клима Рамен терен Зони без транзитен сообраќај и смирен моторен сообраќај Зона орјентирана на јавен градски превоз Велосипедот би се возeл и на регуларните сообраќајни површини без посебни патеки

39 Велосипедски сообраќај
Начини на апликација Комбинирано патување За некои градови погодна форма е да се развие интегриран транспорт на велосипед и јавен градски превоз Потребно е трансфер станиците да имаат простор за паркирање и чување на велосипедите На недомскиот крај на патувањето да има можност за изнајмување на велосипеди

40 Велосипедски сообраќај
Комбинирано патување

41 Велосипедски сообраќај
Компоненти на инфраструктурата Според наш Правилник Широчината за велосипедска патека за еден ред велосипеди изнесува 1 м, Заштитното растојание кон регулационата линија изнесува 0,25 м, а кон работ на коловозот 0,75 м. Велосипедската патека која се планира издвоена од другите елементи на улицата е широка најмалку 1,50 м. Максимален подолжен наклон 8% (12%)

42 Bicycle Lane Fact Sheet
Minimum lane width with no lateral obstructions (i.e., bike lane surface flush with adjoining surfaces): One lane 3.3 ft (1 m) Two lanes in same direction 6.4 ft (1.95 m) Two lanes in two directions (not recommended) 8 ft (2.4 m) Two lanes in multiuse 12 ft (3.7 m) Minimum lane width with a lateral obstruction along the edge (parked cars, walls, barriers, or curbs): 5 ft (1.5 m) Vertical clearance 8.2 ft (2.5 m) Maximum grade 3 to 5% For less than 200 ft 15% Average speed 10 mph (16 kph) Design speed 20 mph (32 kph) on level ground 25 mph (40 kph) on downhill Horizontal curve is usually not a consideration, but: To maintain 20-mph (32-kph) speed 100 ft (30 m) To maintain 25-mph (40-kph) speed 155 ft (47 m) Capacity 2000 bikes/h per lane (1.8 s and 7.5 m apart) Two lanes, same direction 3000 to 5000 Four lanes, two directions 5000 to 10,000

43 Велосипедски сообраќај
Компоненти на инфраструктурата Велосипед во мешан сообраќај Најелементарен начин Велосипед заедно со останатиот сообраќај како рамноправен учесник Би можело само кај многу мал ток на возила, каде инвестиции за посебен третман не се оправдани Пожелна поголема ширина на сообраќајната лента Најниско ниво на безбедност

44 Велосипедски сообраќај
Компоненти на инфраструктурата Велосипедски ленти Обележана лента како дел од коловозот на крајната десна страна со ширина од мин 1 м. Треба да се решава движењето на раскрсниците Повисоко ниво на безбедност од мешан сообраќај но се уште се загрозени бидејки нема физичка одвоеност Потребна соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација

45 Велосипедски сообраќај
Компоненти на Инфраструктурата Велосипедска Лента На Двонасочна улица

46 Велосипедски сообраќај
Компоненти на инфраструктурата Велосипедски ленти во Скопје Велосипедски ленти на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“

47 Велосипедски сообраќај
Велосипедски ленти

48 Велосипедски сообраќај
Компоненти на инфраструктурата Физички издвоени велосипедски ленти Велосипедската лента е физички одвоена со бариера (најчесто рабник со висина од 10 до 15 см), но се уште е дел од коловозот, за да се спречи злоупотреба на лентата од моторните возила Во некои средини отпори кон овој тип на ленти – во одредени случаи препреки за околината

49 Велосипедски сообраќај
Физички издвоени велосипед ски ленти

50 Физички издвоени велопсипедски патеки

51 Велосипедски сообраќај
Компоненти на инфраструктурата Велосипедски патеки Одвоени од коловозот Високо ниво на безбедност Обично поминуваат во поубава околина (парк, слободни простори зеленило) Aтрактивни за велоспедистите

52 Велосипедски сообраќај
Велосипедски патеки во Скопје

53 Велосипедски сообраќај
Велосипедски патеки

54 Велосипедски сообраќај
Компоненти на инфраструктурата Велосипедски патеки на тротоари Доколку тротоарот има доволна ширина може да се обележи велосипедска лента Заштитени од моторен сообраќај Да се внимава на конфликт со пешачки сообраќај Решавање на вкрстосувања

55 Велосипедски сообраќај
Велосипедски патеки на тротоари Комбиниранa патекa за велосипедски и пешачки собраќај во Скопје

56 Велосипедски сообраќај
Компоненти на инфраструктурата Паркирање на велосипеди Заштита од кражба Заштита од временски неприлики Различни дизајни и решенија (едноставни метални сталажи до паркинг гаражи) Потреба за паркиралишта кај сите објекти кои привлекуваат повеќе патувања

57 Велосипедски сообраќај
Паркирање на велосипеди

58 Велосипедски сообраќај
Паркирање на велосипеди

59 Велосипедски сообраќај
Паркирање на велосипеди Подземната станица во Мунстер е модерна, безбедна и нуди полна услуга вклучувајќи поправка на велосипедите, продажба, изнајмување на велосипедите, заклучување, како и станици за миење. Станицата е многу популарна, а тоа е поткрепено со фактот што секојдневно се паркираат околу 3000 велосипеди.

60 Велосипедски сообраќај
Компоненти на инфраструктурата Системи за изнајмување на велосипеди Во последно време популарна форма На повеќе локации низ градот за ефтини пари можат да се изнајмат велосипеди Современи системи за наплата Проблеми со акумулација и празнење на местата за изнајмување

61 Велосипедски сообраќај
Системи за изнајмување на велосипеди во Скопје Пункт за изнајмување на велосипеди на Плоштад „Македонија“

62 Велосипедски сообраќај
Компоненти на инфраструктурата Вертикална хоризонтална сигнализација Вертикална сообраќајна сигнализација (сообраќајни знаци)

63 Велосипедски сообраќај
Компоненти на инфраструктурата Вертикална хоризонтална сигнализација Хоризонтална сообраќајна сигнализација

64 Велосипедски сообраќај
Компоненти на инфраструктурата Вертикална хоризонтална сигнализација Светлосна сообраќајна сигнализација (семафорски лантерни)

65 Велосипедски сообраќај
11 најсилни мотиватори да се употребува велосипед Трасата е настрана од моторен сообраќај, бучава и загадување на воздухот Трасата има убава околина Трасата по целата должина има велосипедска патека одвоена од останатиот сообраќај Трасата е по рамен терен Употребата на велосипед бара помалку време за патување во споредба со другите видови на превоз Растојанието до целта на патувањето е помало од 5 км Патувањето се прави во денски услови Може да се превезе велосипедот со јавен градски превоз Безбедно паркирање на велосипедот во објект Здравствени причини Нема додатни трошоци за паркинг или еко такса за влез во центар на град

66 Велосипедски сообраќај
11 најсилини демотиватори за употреба на велосипед Нема велосипедска инфраструктура (велосипедски патеки и ленти) Нема континуирана велосипедска инфраструктура – постоење на бариери Улицата има интензивен моторен сообраќај Возилата возат со брзина поголема од 50 км/час Ризик од возачи кои не ги почитуваат велосипедистите во сообраќајот Ризик од повреда/сообраќајна незгода со моторни возила Врне дожд Трасата има површина која може да е лизгава или да има мраз Трасата не е осветелена ноќе Потреба да се носи тежок товар Нема безбеден паркинг

67 Велосипедски сообраќај
Планирање на велосипедскиот сообраќај Што им е важно на велосипедистите? Безбедност Загрозеност од моторен сообраќај. Пожелно издвојување на посебни траси. Каде тоа не е можно редуцирање на брзината на моторниот сообраќај на 30 км/час. Посебно решавање на раскрсниците 2. Директност на трасата Важно за секојдневни патувања во градот заради споредливост со времиња на патувања со други видови на превоз. 3. Континуираност Подразбира потреба за континуирана мрежа на велосипедска инфраструктура, односно да нема препреки, бариери или ризчни делници

68 Велосипедски сообраќај
Планирање на велосипедскиот сообраќај Што им е важно на велосипедистите? 4. Атрактивност Пријатна околина со повеќе зеленило и урбана опрема влијае многу на употребата на велосипедот. 5. Удобност Подразбира добра подлога на коловозот и што помалку запирања по должина на трасата.

69 Велосипедски сообраќај
Планирање на велосипедскиот сообраќај Подршката и унапредувањето на велосипедскиот сообраќај значи изградба на доброосмислен пристап кој ги подразбира следните елементи: Политиката за поголема промоција на велосипедизмот треба да претставува елемент на глобалната транспортна политика насочена кон редукција на учеството на приватниот моторизиран сообраќај (остварување на поповолна модална распределба). Градење на велосипедизмот како реален начин на превоз и алтернатива на приватниот моторизиран сообраќај, со крајна цел да стане еден од важните начини на превоз во урбаните средини. Поставување на интегрален план и имплементација на група на мерки, чекор по чекор, затоа што поединечните мерки имаат само ограничен ефект. Промена на правилата за приоритет за приватниот моторизиран сообраќај и засилување на приоритетот на велосипедистите над приватниот моторизиран сообраќај, таму и тогаш кога е возможно.

70 Велосипедски сообраќај
Планирање на велосипедскиот сообраќај Подобрување на интермодалноста за велосипедистите (на пример, преку дозволување со себе да ги земат велосипедите во возилата на јавниот превоз). Симултано планирање на подобрувања на постоечката инфраструктура и реализација на нова, со крајна цел изградба на широка мрежа, со добри меѓусебни врски (без сопирање), безбедна и удобна. Активирање на постоечкиот потенцијал, т.е., давање на предност на брзите и лесни за имплементација решенија, наместо инсистирање на скапи решенија Овозможување на патување со велосипед на подолги растојанија (5-15 километри), преку обезбедување на континуитет, интерконекција, безбедност и комфор на велосипедската мрежа, како и обезбедување на приоритетот за велосипедистите над приватниот моторизиран сообраќај на поважните крстосници и др.

71 Велосипедски сообраќај
Планирање на велосипедскиот сообраќај Подобрување на безбедноста и погодноста на велосипедската мрежа заради редуцирање на незгодите. Поттикнување на пешачењето во градскиот центар и имплементација на мерки за рестрикција на пристапот на приватниот моторизиран сообраќај до градскиот центар, како и мерки за смирување на сообраќајот. Сеопфатно планирање на велосипедската мрежа, со цел таа да биде хиерархиска и интер-поврзана на целата територија. Да се избегнува развивањето на „издвоени“ велосипедски мрежи во пооделни делови на градот со слаба меѓусебна поврзаност. Вклучување на сите заинтересирани локални страни во подготовката и имплементацијата на мерките за унапредување на велосипедизмот (велосипедисти, жители и другите корисници на патиштата, како на пример корисниците на возилата).

72 Денес се градат меѓуградски автопатишта за велосипеди
Денес се нудат импресивни решенија за безбедно движење со велосипед


Download ppt "Велосипедски сообраќај"

Similar presentations


Ads by Google