Download presentation
Presentation is loading. Please wait.
1
Глобално здравје Толку блиску, толку далеку
Пратете ја оваа лекција на пријателите your message here> Health lecture Оваа лекција е посветена на концептот za „GLOCAL“ Здравје – премин на здравјето од глобално кон локално. Глобалната здравствена мрежа на Суперкурс проектот е резултат на соработката меѓу Библиотеката во Александрија (Египет) во развојот на најголемата збирка на лекции за глобалното здравје.Од страна на Универзитетот во Питсбург најголемиот дел на активности се реализираат преку Колаборативниот центар на СЗО за мониторинг на болестите и телекомуникации под водство на д-р Роналад ЛаПорте. Фаина Линков е одговорна за развој и модификација на оваа лекција. Целта на оваа лекција е да придонесе кон: 1). Градење на свесност за глобалното здравје кај професорите и студентите по медицина, јавното здравство и другите сродни професии 2). Развој на Глобална здравствена мрежа за студентите кои би се ангажирале во трансформирање на локалното кон глобално здравје Кратката верзија на лекцијата е достапна на address. Во развојот на оваа лекција учествуваа: Ronald LaPorte, PhD, Supercourse developer, USA Ismail Serageldin, PhD, Library of Alexandria, Egypt Faina Linkov, PhD, Supercourse developer, USA Francois Sauer, MD, Supercourse developer, USA Eugene Shubnikov, MD, Supercourse developer, Russia И Глобалната здравствена мрежа: Supercourse во Библиотеката во Александрија - Lecture translated into Macedonian by Elisaveta Jasna Stikova Светска здравствена организација Колаборативен центар, Универзитет во Питсбург
2
Здравје и Глобално здравје
„Здравје не е само отсуство на болест туку состојба на комплетна физичка, психичка и социјална благосостојба“ „GloCal“ здравје: Глобално кон локално влијание на здравјето и болестите. За подобрување на здравјето во светот ние треба да мислиме „GloCal “ т.е. од глобално кон локално. Пациентите седнати спроти нас се засегнати не само од влијанието на нивната локална средина туки и од состојбите во нивната заедница, земјата и целиот свет. Со нашите пациенти ние треба да мислиме локално но не заборавајќи го глобалниот аспект на состојбите. GLObal – loCAL (GloCal)
3
Што е СЗО? Светската здравствена организација (СЗО)
Светската здравствена организација (СЗО) е одговорна за насочување и координирање на здравствените активности во рамките на системот на Обединетите нации (ОН). Таа е одговорна за обезбедување на лидерство за глобални здравствени прашања, за дефинирање на здравствената истражувачка агенда, за поставување на норми и стандарди, за артикулирање на политиките базирани на докази, обезбедување на техничка поддршка за земјите и за следење и оценка на здравствените трендови.
4
Глобалното здравје е важен и нов термин, но и нов концепт
Глобалното здравје е важен и нов термин, но и нов концепт. Институтот за медицина укажува на глобалното здравје како на „здравствени проблеми, состојби и грижи кои ги надминуваат националните граници, може да зависат од условите и искуствато во другите земји, а најдобро се решаваат со коопративни активности и заеднички солуции“ Меѓутоа, тоа не се само проблеми кои ги минуваат границите или се заеднички за повеќе земји од светот; решенијата за тие проблеми исто така може да ги минуваат границите и меѓусебно да се споделуваат, независно од степенот на развој на засегнатите земји. Сите земји може да учат од другите земји и може да ги споделуваат своите искуства и информации. Дефиницијата за глобално здравје го осветлува проблемот од две страни: споделување на проблемите и споделување на решенијата. Овој нов пристап е многу значаен за науката за глобалното здравје со оглед дека глобалното здравје се слика како патека за споделување. Постојат многу предизвици за глобалното здравје при што многу болести и состојби се гледаат од различен аспект од многу различни професионалци. Интердисциплинираниот пристап е неопходен за да го олесни оптеретувањето со болест како од заразни, така и од незаразни болести. Денес медицинските и другите сродни факултети имаат многу малку лекции за глобалното здравје во нивниот курикулум. Здравјето прераснува во глобален проблем, при што незаразните болести прераснуваат во убиец број 1 во светот. Учејќи повеќе за глобалното здравје и истражувајќи во оваа област, професорите, предавачите и студентите ќе бидат подобро подготвени за соочување со предизвиците во нивната заедничка работа. Посетете го Суперкурс и неговата лекција за Глобалните здравствени кризи на:
5
Суперкурс: Интернетот не зближува преку заедничко учење за глобалното здравје
СУПЕРКУРС е глобална библиотека на лекции за превенција и јавно здравје кои се бесплатно достапни, а се креирани од најдобрите предавачи од светот. Препратете ја оваа лекција на Вашите пријатели ширум светот, на професорите и на студентите откуцајте ја Вашата порака> Health lecture Суперкурс има преку 4,650 лекции кои ги споделуваат меѓу себе преку членови на академската заедница од 172 земји. Суперкурс е дополнителен модел за предавање во кој предавачите ширум светот ги споделуваат меѓу себе нивните најдобри лекции. Голем број на Суперкурс лекции се посветени на истражувачките теми од областа на глобалното здравје. Студентите по медицина може да учат директно од лекциите. Тие може исто така да ги користат слајдовите од лекциите за да им ги покажуваат на своите пациенти или за други презентации. Вие може да се придружите кон оваа глобална мрежа и да научите повеќе посетувајќи го Суперкурс-от преку: Оргинална PowerPoint презентација на оваа лекција Доколку ја преведете оваа лекција на некој друг јазик, Ве молиме пратете ни копија. Посетете го Суперкурс и прегледајте ја лекцијата на
Similar presentations
© 2024 SlidePlayer.com Inc.
All rights reserved.