Download presentation
Presentation is loading. Please wait.
Published by作阳 邵 Modified over 7 years ago
1
МЕМОРИСКИ УРЕДИ Кои уреди се потребни за чување документи, музика, видеоигри... за подоцнежно користење? Зошто податоците не можеме да ги чуваме во внатрешната меморија?
2
МЕМОРИСКИ УРЕДИ Се запозна со внатрешната меморија и знаеш дека во неа не можеме трајно да запишеме податоци и програми. За таа цел се користат надворешните мемории. Тоа се: магнетен или хард диск (hard disk), дискета (floppy disk), компакт диск (compact disc − CD) и дигитален видеодиск (DVD). Денес си почесто се користат мемориски стикови (flash memory). Кога ти се потребни некои податоци што се зачувани на надворешните мемории, тие најпрво ќе се ископираат во меморијата RAM, каде што може да им пристапи процесорот. Сите наведени надворешни мемории, освен хард дискот, се користат за пренесување податоци од еден на друг компјутер и уште се нарекуваат преносни мемории. М
3
ВИДОВИ КОМПЈУТЕРСКА МЕМОРИЈА
Компјутерската меморија вообичаено се дели и на: главна меморија и помошна меморија. Главната меморија ја сочинуваат тврдиот диск и RAM меморијата, а помошната останатите мемориски уреди (дискета, CD, DVD, USB меморија и сл).
4
МЕМОРИСКИ КАПАЦИТЕТ Карактеристика на секој мемориски уред е неговиот мемориски капацитет. Мемориски капацитет е количината на податоци која може да се запамти на некој мемориски уред.
5
Единици мерки за мемориски капацитет
Меморискиот капацитет се изразува во посебни единици мерки. Најмалото количество податок кое може да го прими компјутерот е 1 бит (1b). Битот може да има две вредности 1 или 0. Битовите се групираат во бајти и на тој начин ги формираат единиците мерки за компјутерската меморија.
6
1 KB Килобајт =1024 B приближно 1000 B
1 B Бајт (Byte) = 8 b - 1 знак 1 KB Килобајт =1024 B приближно 1000 B 1 MB Мегабајт = 1024 KB приближно 1000 KB 1 GB Гигабајт = 1024 MB приближно 1000 MB 1 TB Терабајт = 1024 GB приближно 1000 GB 1 PB Петабајт и поголеми 1 Бајт е мемориски капацитет кој може да биде доволен за сместување на 1 знак – буква, знак, број и слично. 1 MB е мемориски капацитет кој може да биде доволен за текстуалните податоци од една средно голема книга (околу 200 страни).
7
МЕМОРИСКИ КАПАЦИТЕТ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА МЕМОРИСКИТЕ УРЕДИ
8
ХАРД ДИСК Магнетен или хард диск (hard disk) е примарна надворешна меморија. Тој е вграден во куќиштето и на него се чуваат најголемиот дел од податоците. Соста-вен е од повеќе кружни метални плочи (дискови) со заедничка оска околу која ротираат со голема брзина. Податоците се запишуваат и се читаат од хард дискот со помош на глави за читање и за апишување. Главна особина на хард дискот е капацитетот. Првите хард дискови имале капацитет од неколку KB, но денес се користат хард дискови од неколку стотини GB. За споредба: на диск од 20 GB можат да се запишат околу книги.
9
Дискета Една од единиците за надворешни мемории што денес многу малку се користи е дискетата. Дискетата (floppy disk) е надворешна меморија во облик на кружна плоча изработена од тенка пластика и премачкана со магнетна материја. Заштитена е во опаковка од тврда пластика. Има капацитет од 1,44 MB. Се користи за чување и за пренесување на помали количества информации од еден на друг компјутер. Сè помалку се во употреба поради малиот капацитет и слабиот квалитет.
10
Флеш меморија – USB мемориски стик
Меморискиот стик или флеш меморија денес сè повеќе се користи за пренесување податоци поради малите димензии (3–6 cm) и релативно големите капацитети (денес 8 и повеќе GB). На компјутерот се приклучуваат преку универзални (USB) порти. Флеш меморијата е во вид на стапче – стик и има различен мемориски капацитет, на пример до 8 GB.
11
Постојат три вида компакт дискови:
CD Компакт дискот (CD − compact disk) е кружна пластична плоча премачкана со тенок слој алуминиум. Податоците на компакт дискот се читаат и се запишуваат со помош на ласер. МЕМОРИСКИ КАПАЦИТЕТ CD-то има мемориски капацитет од MB. 1 CD = околу 450 дискети (или може да собере, на пример, околу 100 mp3 песни) CD-ата обично се користат за чување на податоци, музика, видеоигри. ВИДОВИ Постојат три вида компакт дискови: - само за читање - CD ROM - за читање и еднократно запишување – CD R (Recordable) за читање и повеќекратно запишување – CD RW (ReWritable)
12
DVD DVD (digital video disk) DVD е сличен со CD. МЕМОРИСКИ КАПАЦИТЕТ Меморискиот капацитет на DVD-јата се движи од 4.7 GB до 8.5 GB. Со посебни техники се достигнати капацитети и над 10 GB. 1 еднострано еднослојно големо DVD собира 1 просечно долг филм со висок квалитет. 1 DVD = 6-7 CD ВИДОВИ DVD- то може да биде еднослојно или двослојно и еднострано или двострано, мало (8cm) или големо (12cm). DVD-јата можат да бидат: - за читање (DVD ROM) - за читање и еднократно запишување DVD R (Recordable) - за читање и повеќекратно запишување DVD RW (Rewritable) DVD-јата обично се користат за меморирање на филмови.
13
Нов тип на DVD Нов тип на DVD уреди се DVD уредите кои користат син ласер наместо црвен за читање и запишување информации на диск. Овие уреди се викаат Blue laser DVD уреди. Синиот ласер може да ги запишува податоците со многу поголема густина на дискот отколку црвениот. Затоа Blue laser DVD-јата имаат многу поголем капацитет од обичните DVD-јa. Постојат два типа на блу ласер DVD-јa : HD-DVD (High Definition – Хај дефинишн DVD) со капацитет од 15 GB и Blu-Ray DVD (Блу реи) со капацитет од 27 GB.
Similar presentations
© 2024 SlidePlayer.com Inc.
All rights reserved.